Соборувањето на украинскиот авион, во кој погинаа 176 лица, претставува ужасна трагедија, изјави денеска висок американски неименуван претставник, откако Техеран призна дека по грешка со ракета го собори леталото.
Британските медиуми ја пренесуваат неговата констатација дека „непромислената акција на Иран повторно предизвика разурнувачки последици.”
-Иран направи страшна грешка, рече американскиот претставник, кој сакаше да остане анонимен.