Снимателот на видео агенцијата „Раптли“, Саф Гали е убиен во Ирак, изјави главната уредничка на „Раша Тудеј“, Маргарита Симонјан.
„Непознати вооружени лица го убиле нашиот фотограф и снимател Саф Гали. Тој активно снимаше за нашата видео агенција „Раптли“ во регионот. Ќе сториме се што можеме за да му помогнеме на неговото семејство “, напиша Симонјан на социјалната мрежа „Телеграм“, пренесува „Спутник“.