„Царица сум за асоцијации“ и „редовно губам во меморија со ќерка ми“ се само дел од одговорите на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, по Мила Царовска и Оливер Спасовски, одговараше на „30 прашања“.
Најгорда е што во нејзин мандат, Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО за, како што вели, „по толку министри, со една министерка ќе влеземе во НАТО“. Ако не била во политиката, ќе била учителка, а изборот на актерка што би сакала да ја глуми во филм падна на Џулијан Мур.
Зоран Ставревски го посочи дека и бил најомилен опозиционер, а на прашање од што се плаши најмногу одговори „од смрт“.