ВМРО ДПМНЕ: Во недостиг на проекти сега СДСМ се фали со лажни бројки и податоци

СДСМ во недостиг на проекти сега се фали со лажни бројки и податоци, возвраќаат со соопштение од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Заев се фали со реализација на капитални проекти во време кога неговата влада бележи енормен пад во капитални инвестиции.
Смешно е СДСМ да се фали со гасификација кога ниедно домаќинство се нема приклучено на гас. Вистината е дека моменталните работи кои се изведуваат се проекти започнати уште 2016-та од страна на ВМРО-ДПМНЕ и тие одамна требаше да се завршени. Еден нов проект не започнале СДСМ во гасификацијата.
Без срам СДСМ се фали со реализација на железници со 82% успешност, а возови излетуваат од шини. Поради неспособноста на СДСМ оваа 2020 се укина линијата Скопје – Велес – Скопје, се укина и линијата Скопје – Битола – Скопје.
Говори СДСМ за успеси во инфраструктура, а од ветените 550 километри ветени автопатишта уште нема траг.
Во програмата на СДСМ имаат ветено 31 станбен објект од кои 17 станбени објекти беа завршени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а во моментов се работи на само 4 станбени објекти.
Владата на Заев само сервира лаги, но нивното време помина. На 12-ти април доаѓа време на обнова на Република Македонија, време на реални проекти.

 

Треба да знаете
Последни објави