Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде се сретна со претседателот на клубот, Пеп Марија Бартомеу и раководството, пренесе „Марка”.
Валверде ја напушти базата на Барселона, без да коментира што точно разговарале со Бартомеу. Сепак, барем засега, тој останува на функцијата.
Под водство на 55-годишниот Валверде, Барселона двапати ја освои титулата во Шпанија, но навивачите се незадоволни од неубедливата игра и неуспесите на другите турнири во текот на изминатите две сезони.
Минатата недела Каталонците загубија со 2:3 од Атлетико Мадрид во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп, иако водеа со 2:1 непосредно пред крајот.
Ова дополнително ги налути навивачите кои долго време бараа оставка на тренерот. Шпанскиот печат верува дека доколку Валверде биде отпуштен, неговото место ќе го заземе или клупската легенда Чави Ернандез или поранешниот ментор на Милан и Јувентус – Масимилијано Алегри.