ВМРО–ДПМНЕ го поздравува изборот на двајцата Македонци, Едмонд Османи и Алтин Тола за администратори на административните единици Требиште (6 села), односно Острени (12 села), во областа Голо Брдо, Албанија. При тоа искажува убеденост дека тие успешно и посветено ќе ја извршуваат оваа многу значајна функција.
ВМРО–ДПМНЕ искажува целосна поддршка и подадена рака за соработка со Едмонд Османи и Алтин Тола во градењето на овие административни единици во посилни европски единици во кои економскиот напредок и инвестирање во инфраструктурата ќе бидат високо на нивната агенда и воедно точки за идна соработка.