Моќна, уникатна и енергична балетска претстава „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“!
Балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ ќе бидат изведени на 17 јануари со почеток во 20 часот. Двете постановки се специјално подготвени од реномираниот кореограф Габор Кевехази од Унгарија, сценографијата е на Марија Ветероска, а костимите на Марија Пупучевска.
Публиката ќе има можност да го слушне прекрасното дело „Кармен“ на Жорж Бизе во моќната и несекојдневна оркестрација на Родион Шчедрин како и „Валпургиска ноќ“ на Шарл Гуно во изведба на оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Иван Еминовиќ.
„КАРМЕН“
Кармен: Мими Поп Алексова Атанасовска
Дон Хозе: Балаж Лашеи(Унгарија)
Ескамиљо: Мирослав Митрашиновиќ
Цунига: Игор Веланоски
3 жени-бикови: Христина Наќевска, Бојана Христовска, Илијана Данилов, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
„Валпургиска ноќ “
Ваханалка: Марија Кичевска Шокаровска
Нимфа I: Саша Евтимова
Нимфа II: Ивана Коцевска
Тројка – варијација: Игор Веланоски, Илијана Данилов, Ендру Кук
Мажи во црно: Мирослав Митрашиновиќ, Кристијан Јангос, Никола Орсо, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.