Исланд ја растури Русија (34:23), а Германија се намачи против Летонија (28:27), додека Белорусија и одржа лекција на Црна Гора (36:27) во првите три одиграни натпревари од групите на Европското ракометно првенство.
Исланд со втора победа во Е групата си обезбеди сигурен пласман во следната фаза. Гудјонсон, Елисон и Петерсон со по 6 голови ја предводеа селекцијата на Исланд до убедливиот триумф. Кај Русија средбата со шест погодици ја заврши ракометарот на Вардар, Калараш.
Белорусија во А групата одигра уште еден добар натпревар и убедливо ја совлада Црна Гора. Белорусија го потврди палсманот во втората фаза, а Црна Гора заврши со настапите на континеталниот собир. Валипау со 7 и Каралек со 5 погодоци доминираа во белорускиот состав. Црногорците по три одиграни меча во групата имаат скор од два порази, и една победата над Србија, со која ги завршуваат настапите на ЕП.
Германија многу потешко од очекуваното ги прокнижи бодовите против дебитантото на завршницата од ЕП, Летонија во Ц групата. Иако „панцерите“ на полувремто замина со убедливи 16:11, не го скршија отпорот на Летонија, која предводена од вардаровито „џин“ Криштопанс кој постигна седум гола до крајот го принудија противникот да трепери за бодовите. Кун со 8 голови најрасположен стрелец во германскиот состав. Летонија го заврши настапот со три порази.