Џад Ло не е загрижен за губење на косата затоа што тој повеќе не мора да се потпира на својот изглед за да добива улога во филм.
47-годишниот актер призна дека се чувствува прекрасно дека не мора да биде „златното момче“ и дека добива улоги во кои игра ликови со поголема длабочина.
Џад изјави за италијанската публикација ИО Дона: „Ме забавува помислата дека на оваа возраст се чувствувам среќно во мојата кожа, уживам во оваа декада.“
„Актерството е чуден бизнис: на возраст од дваесет години сте на минско поле, зборувам од машка гледна точка, што секако е сосема различно за жените.
„На 30 години можете да се опуштите малку и да кажете: ‘Го направив тоа, преживеав’. Конечно, достигнувате 40, а улогите што ви ги нудат имаат поинаков квалитет, имаат поголема длабочина и повеќе не мора да бидете златно момче или да имате убавина на младост. Прекрасно е да се чувствувате пријатно“, вели рече актерот.