Австриската министерка за правда Алма Задиќ, која изминативе денови беше мета на говор на омраза поради нејзиното босанско потекло, сега почна да добива и закани по живот.
На објава на Фејсбу, на профилот на австриската државна телевизија ОФР, која се однесува токму на 26-годишната министерка, била пратена порака со содржина „Куршумот е резервиран за неа”.
Поради константните закани, откако ја презеде фунцијата, Задиќ доби и 24-часовна полициска заштита.