Еден од фаворити за освојување на златниот медал на 14. Европското ракометно првенство Данска ремизираше со Унгарија (24:24) и неизвесно е дали ќе се пласира во следната фаза. За место во втората фаза Данска ќе мора да ја совлада Русија во последното коло од групата Е, и да се надева дека Унгарија ќе загуби од Исланд, за да небиде сензацијата комплетна, откако Франција доживеа елиминација. Хрватска во А групата ја победи Србија (24:21), а Шпанија ја прегази Холандија (36:25) во меч од Ц групата.
Во Малме, каде Данска како да играше дома не ја искористи предноста од трибините против Унгарија. Двете селекции имаа свои пет минути, а резултаските предност беа на двете страни, во финишот репрезентациите велегоа со резултаска неизвесност. Данците го имаа последниот напад за победнички гол. На располагање имаа речиси цела минута, но Хансен не успеа да погоди, а Унгарците не стигнаа да организираат напад за да казнат. Браминг даде шест за Данска, а Балог седум погодоци за Унгарија. По две кола во групата Исланд е прв со четири бода, Унгарија има три, Данска само еден, а Русија е елиминирана без бодови.