Наскоро во Берлин ќе се оддржи Меѓународна конференција на која ќе се направи обид за изнаоѓање решение за граѓанската војна во Либија, кажа денеска портпаролот на германската Влада Штефан Заубер, пренесе ДПА.
Средба ќе имаат главните учесници во оваа војна и претставниците на земјите вклучени во судирот.
-Подготовките за оваа конференција се во тек, рече пред новинарите порпаролот Заубер.
Конференцијата може да се оддржи веќе во недела, на 19 јануари, рече тој иако не можеше со сигурност да го потврди датумот.
Кабинетоит на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган соопшти дека тој во недела ќе биде во Берлин, не наведувајќи ја причината за посетата.
И кабинетот на претседателот на Египет, земја која е вклучена со либискиот судир, соопшти дека претседателот Абдел Фатах ал Сиси во недела ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел.
Конференцијата се организира под покровителство на ОН и треба да собере најмалку 10 земји: петте земји членки на Советот на безбедност, како и Германија, Турција, Италија, Египет и Обединетите Арапски Емирати.
Најавата за меѓународната конференција уследи по вчерашното стапување во сила на примирјето во Либија меѓу двете спротивставени страни: либиската Влада на национално единство (ГНА) со седиште во Триполи, која е призната од ОН, и силите на команданатот Калифа Хафтар, кои го контролирата истокот од земјата.
Во Русија денеска се одржува средба на шефовите на двете спротивставени страни во Либија, со цел да се зацврсти прекинот на огнот што го издејствуваа Русија и Турција.