Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Велес – Катланово и Кочани – Берово, од 50 до 80 метри на патниот правец Куманово – Крива Паланка, од 20 до 30 метри на правецот Тетово – Попова Шапка и до 50 метри на правецот Св. Николе – Куманово, соопшти ЈП Македонија пат.
Сообраќајот на државните патишта, како што се посочува, се одвива тековно по местимично влажни коловози.
Од ЈП Македонија пат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.