Водечките дами на Холивуд заблескаа во полн сјај на 25-та по ред годишна церемонија Critics’ Choice Awards – доделување награди по избор на критичари од САД и Канада.
Џенифер Лопез, Ен Хатавеј, Зендаја и Шарлиз Терон и Сара Снук беа меѓу најелегантните на свечениот настан што се одржа синоќа во Лос Анџелес.
И никој не блескаше повеќе од Џенифер Лопез, која ја крена жештината на црвениот тепих во тесен фустан на Џорџ Хобеика, кој ја истакна нејзината тонирана фигура.
Ен Хатавеј, Зендаја и Шарлиз Терон, исто така, предизвикаа воодушевување во привлечни фустани додека се спуштаа на Баркер Хангар во Лос Анџелес.
Асоцијацијата на филмските критичари (BFCA) и асоцијацијата на телевизиски новинари (BTJA) ги прогласи победниците на 25-те по ред Annual Critics’ Choice Awards, во живо од Barker Hangar во Санта Моника.