Околу 163 милиони евра должат граѓани и фирми на државата за неплатен ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.данок. Ова го покажува последната Листата на должници на Управата за Јавни приходи за долгови доспеани до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година.
На листата се 1.995 должници – правни лица и 2.515 физички лица.
И на оваа листата води Те-То со долг од 469.586.313 денари, но на листата се најдоа државни претпријатија, но и спортски клубови, па така ФК Вардар должи 22,7 милиони денари, како и фирми во стечај.
Листата на должниците можете да ја видите тука.