Барселона не планираше да привлече уште еден напаѓач во зима, бидејќи сметаа дека Луис Суарез ќе отсуствува само неколку недели. Сепак, откако се испостави дека уругвајската ѕвезда ќе биде аут за околу 4 месеци, на „Камп Ноу” веќе разговарале за неколку нови засилувања во нападот, пренесува „Ел Мундо Депортиво”.
Една од главните трансфер цели на Каталонците е сонародникот на Суарез Кристијан Стуани, кој игра за Џирона. Барселона го следи Уругваецот уште од минатата година. Оваа сезона, Стуани одигра 18 натпревари во Сегунда дивизија, постигнувајќи 16 голови. Тој има договор со Џирона до 2023 година.
Други на списокот на управувата се Карлос Вела од ФК Лос Анџелес, Аргентинецот Чими Авила од Осасуна, како и Габигол, кој е сопственост на Интер. Се соопштува дека Бразилецот може да стане дел од договорот за Артуро Видал.
Имињата на Рафаел Леао од Милан и Лаутаро Мартинез од Интер, исто така, се на листата на желби, но двајцата не можат да бидат привлечени во оваа фаза од сезоната.