Британскиот премиер Борис Џонсон денеска престојува во посета на Северна Ирска, каде имаше средба со колешката Арлин Фостер (Демократска унионистичка партија) и нејзината заменичка од Шин Феин Мишел О`Нил.
Партиите на ирските националисти и пробритански унионисти во саботата, со поделба на власт во регионалната влада ставија крај на тригодишниот застој, кој се закануваше да го загрози клучниот дел од мировниот договор од 1998 година. Според одредбите од мировниот договор унионистите и републиканците треба да ја делат власта.
Џонсон подоцна ќе има средба и со ирскиот колега Лео Вардакар и шефот на ирската дипломатија Сајмон Ковени.
Британската Влада на Северна Ирска и вети повеќе средства за јавни услуги доколку формира влада, но не го соопшти точниот износ.