Кумановец завчера изгребал 50.000 евра на грепка во Нирнберг, во германската покраина Баварија, објави „Kumanovonews.mk“.
Тој тврди дека додека патувал кон Македонија застанал на бензинска пумпа да се одмори и притоа се одлучил да си ја проба среќата.
– Не сум редовен играч на лото ниту пак на спортска прогноза. Од забава купив еден лоз кој чинеше 2 евра. Почнав да гребам и на две места ми се појавија по 50.000 евра. Почна да ме обзема возбуда, но не верував дека ќе добијам нешто. Кога ја изгребав и последната од трите исти бројки не можам да ви го опишам чувството. Помешани емоции од неизмерна среќа до неверување дека ја добив главната премија , – раскажува возбудено нашиот сограѓанин, кој додава дека за Божиќ паричката се паднала кај него и ова е првата потврда дека среќата оваа година ќе биде на негова страна.