Обезбедувањето на Иванов вратено кај Пендаровски по телеграмата на Чулев

По укинувањето на наредбите од страна на техничкиот министер Наќе Чулев, утрово во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на работа се вратилo обезбедувањето на Ѓорге Иванов, кое беше прераспределено во други одделенија на МВР, дознава „А1он“.

Тие се појавиле на работа со објаснување дека наредбите за нивна прераспределба се укинати и дека Чулев наредил да се вратат на работните места на кои биле претходно распределени согласно решенијата за работа. Во резиденцијата на Водно на работа дошло и обезбедувањето што го обезбедува Пендаровски откако тој дојде на функцијата претседател на државата.

 

Треба да знаете
Последни објави