Амбасадорите на 15 земји членки на Советот за безбедност на Обединетите нации со минута молчење денеска им одадоа почит на 89-те војници од Нигер, кои беа убиени на 9 јануари.
Војниците беа убиени во напад на исламистите врз воен логор на западот на земјата.
Советот за безбедност соопшти дека „остро го осудува” нападот.
-Сите сте му потребни на Нигер и западниот дел на Африка во борбата против екстремистите, изјави амбасадорот на оваа држава во ОН, Абду Абари.
На 1 јанаури 2020 година Нигер стана членка на Советот за безбедност
САД најавија дека сакаат да го намалат своето воено присуство во Африка, каде има околу 7.000 припадници на американските специјални сили, од кои повеќето се во Сомалија.