Бизнисменот Фијат Цаноски кој е оштетен во случајот ТНТ, односно во чија сопственост беше станбено деловниот комлекс Космос кој беше урнат, по оставката на поротничката во случајот и одлуката судењето да почне од почеток, е убеден дека се што се случува е под команда на поранешниот премиер Никла Груевски од Будимпешта.
-Пола час пред почетокот на судењето, поротничката дала оставка. Се сомневам дека самоволно дала оставка, односно дека е поткупена од мафијата која што владее во Македонија или од некои закани. Кога велам мафијата, мислам на Груевски, Јанакиески, заедно со Тони Трајковски кои го направија целото рушење. Јас сум убеден дека се е под команда на Груевски од Будимпешта, вели Цаноски.
Цаноски вели дека обвинетите сметаат дека повторно ќе дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и цело време настојуваат да се пролонгира судењето.
– Очекуваат дека на наредните избори ќе победат па повторно ќе завладее ‘сваровски судството’, па така ќе се спасат од криминалите кои ги направиле. Јас верувам дека судот ќе ја сработи работата со почтокот на судењето и побрзо ќе заврши целата постапка, додава Цаноски.