Со протестно собирање и блокада на булеварот Свети Кирил и Методиј кај „Автомакедонија“ пазарџиите од Зеленото пазарче го искажаа своето незадоволство од поскапената цена на паркирањето во општина Центар.
Тие за „Скопко Ехо“ изјавија дека цената од 70 денари за еден час е прескапа и бараат таа да се намали.
-Ние мора да ги користиме двата паркинга кои постојат околу пазарчето заради донесувањето на стоката која што ја продаваме. Но, цена од 70 денари за еден час е преголема и неподнослива за нас. Излегува дека цел ден треба да работиме на овој студ за да си го платиме само паркингот. Каде е тука нашата заработка, рекоа пазарџиите.
Според нив, превисоката цена за паркингот влијае и врз помалата посетеност на пазарот.
Фото: Скопско Ехо