Никола Јокиќ со 20 поени и 15 скока го предводеше Денвер до триумф од 114-104 во дербито на Западната конференција со Лос Анџелес Клиперс. Клучен период за победата на „нагетс“ беше вторта четвртина во која побегнаа на плус 14 поени. Во продолжението имаа и позитива од 20 поени, а „клиперс“ не успеаја да бидат конкуретни за успех.
Покрај Јокиќ уште шест игрчи на Денвер имаа двоцифрен број поени. Мареј постигна 19, Херис 15, Портер 13, Морис 12, Крег и Грент по 11 поени. Кај клиперс, Каваи Ленард заврши со 30 поени, Лу Вилијамс со 26, а Монтрезл Херел со 25 поени.
Денвер има биланс од 27 победи и 12 порази и е на вторто место во Западната конференција, „клиперс“ се со ефект 27/13 што е доволно за петтата позиција во оваа конфернеција.
Бруклин триумфираше во дуелот кој го обележа враќањето на Кајри Ирвинг. Тој со 21 поен беше и најефикасен во победата над Атланта со 108-86. Во првиот меч по паузата, Ирвинг беше најефикасен во тимот иако на терен беше дваесетина минути. За Бруклин ова беше 18. победа сезонава и е на седмото место на Исток. Атланта е длабоко на дното на конференцијата со само осум победи досега.
Сан Антонио со пресврт ја доби пресметката со актуелниот шампион Торонто со 105-104. Првакот беше посотјано во водство, во еден момент и со 17 поени, но потоа Торонто запре и му дозволи на домаќинот серија од 17-0 по што настана пресвртот, а Сан Антонио потоа го одби и нападот на Торонто кој направи 10-0 пред крајот. Демар Дерозен со 25 поени беше прв стрелец кај „спарс“, Серж Ибака постигна 21 за Торонто. Сан Антонио е надвор од плеј-оф зоната на Запад, деветти е со биланс 17/21, Торонто е чевртопалсиран на Исток со скор 25/14.
Најуспешни екипи во досегашниот тек од првенството се Лос Анџелес лејкерс на Запад со биланс 32-7 (победи-порази) и Милвоки бакс во Источната конференција со скор 35-6.