Англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед е многу блиску до реализација на трансферот на играчот од средниот ред и капитен на португалскиот Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.
Според португалски „Рекорд”, параметрите на договорот се скоро прецизирани. „Црвените ѓаволи” првично ќе платат 51 милиони фунти, а ќе бидат додадени уште 9 милиони фунти во форма на бонуси. Како дел од договорот, Маркос Рохо би можел да се врати во Спортинг, каде играше помеѓу 2012 и 2014 година.
Големото прашање е дали трансферот ќе биде завршен до петок, кога ќе заврши дербито меѓу Спортинг и Бенфика. Манчестер јунајтед во секој момент треба да ја достави својата официјална понуда. Според „А Бола”, англискиот клуб ќе одлучи дали Фернандеш ќе игра во дербито.
Бруно Фернандеш ќе добива 150.000 фунти неделно на „Олд Трафорд”. Договорот за репрезентативецот на Португалија и соиграч на македонскиот интернационалец Стефан Ристовски ќе биде за пет години.