„Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу изградени шутеви. Австријците нè изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене, го разбранивме и нивниот голман. Разочарани сме, заслужуваме секаква критика. Повеќе боли тоа што го загубивме натпреварот во првите петнаесет минути, дозволивме Австрија да се одлепи. Ова е еден удар за нас. Никој не посакуваше вакво сценарио, јас сум многу разочаран бидејќи имавме и добра група, но допрва ќе правиме анализи со студена глава. Заслужуваме секаква критика. Ние македонската нација ја имаме навикнато на сериозни работи, од нас се бара да одиме чекор понапред. Ниедна друга репрезентација во свет го нема тоа задоволство да ти дојдат 5.000-6.000 навивачи на 1.200 километри од дома, изјави капитенот Кире Лазаров по поразот од Австрија за крај на Европското првенство.