Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, неприкосновенит лидер на шпанскиот првак Барселона, Аргентинецот Лионел Меси му се обрати не тренерот Ернесто Валверде, кој вчера доби отказ од клубот.
Тренерот Валверде замина од „Камп Ноу“ по освоени две шпански титули и како лидер во тековниот шампионат.
-Ти благодарам за сè, господине. Каде и да одиш, сигурно ќе се справиш добро, затоа што не само што си исклучителен професионалец, туку и си одличен како личност. Ти посакувам успех, напиша Меси.