Премиерот на Абхазија, Валериј Бганба и официјално стана вршител на должност претседател на земјата откако парламентот на Абхазија му одобри такво овластување по оставката на Раул Хаџимба, пренесува ТАСС.
Одлуката беше донесена едногласно од сите 34 пратеници присутни на седницата, а потоа беше објавена на официјалната страница на владата на Абхазија.
Според спикерот на парламентот, Валери Кварчија, Бганба веќе има такво политичко искуство, бидејќи своевремено дејствувал на истата функција в.д. претседател на Абхазија во 2014 година, кога тоашниот претседател Александар Акваб се повлече од функцијата.
„Во согласност о членот од Уставот на Република Абхазија, ги преземам на себе обврските на вршител на должноста претседател на Република Абхазија“, соопшти Бганба.
Тој истовремено ги повика Абхазијците да сторат се што е потребно за воспоставување внатрешна стабилност со цел адекватно да се организираат и да се спроведат претседателски избори во земјата во рокот утврден со Уставот.
Претходно Парламентот на Абхазија ја прифати оставката на Хаџимба. на место председника и поставио Бганбу за вршиоца дужности председника.
Касацискиот суд на 10 јануари ја смени одлуката на Централната изборна комисија за резултатите од претседателските избори и наложи повторно одржување на изборите. ЏИК на 12 јануари одлучи следните избори да се одржат на 22 март.