Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Епидемијата на непотизам е раширена низ целата држава. Нов бран, нови вработувања на функционерите на СДСМ. Покрај Штип и Прилеп денеска ќе изнесам и неколку случаеви на непотизам во општина Велес.
Велес е град кој од ден во ден се повеќе се празни и се случува егзодус, а наместо да се вработуваат квалитетни кадри, се вработуваат синови ќерки снаи внуки сопружници на функционерите на СДСМ. За сметка на квалитетот се вработува неквалитетот. И нормално во роднински клуч со функционерите на СДСМ.
Па така Пожарната служба во Велес стана прибежиште за роднините на функционерите од СДСМ Велес.
Денеска ќе изнесеме 4 случаеви од кои три се луѓе блиски на функционерите од СДСМ вработени во Пожарната служба на општина Велес,
Ново вработен од пред нова година во пожарна во Велес е Ариан Џини – внук на директорката на центарот за социјална работа во Велес. Нормално кадар кој што е близок до власта.
Второ ново вработување од пред нова година во пожарната служба е Милан Прличков инаку сопруг на Пандорка Прличкова советник во општина Велес од СДСМ. Чудно е како сопругот на советничката од СДСМ се вработил токму во претпријатие кое е под советот на општината.
Трето вработување од пред неколку недели е синот на советникот во општина Велес Менсур Бачевац, кој исто така е примен во пожарната служба. Значи двајца советници си ги зближиле своите најблиски.
Четврт и многу чуден случај, сериозен за јавноста. Сестрата на Претседателот на млади на СДСМ Велес, Вера Арсова Митреска, аплицирала за оглас за доктор во Општата болница во Велес каде што се барале 5 доктори. Сериозни сомнежи и индиции за изигрување на законот има бидејќи истата била 7ма на рангирањето, односно се барале 5, и иако била 7ма, далеку од првите 5 сепак била вработена од страна на болницата.
Далии какво влијание имал нејзиниот брат останува Антикорупциската комисија да утврди. Но, она што е интересно е дека можеби ако била на 10 место на рангирањето можеби и денеска ќе беше нов директор на болницата во Велес според критериумите на СДСМ. Па така уште еднаш апелирам до Антикорупциската комисија да ги истражи сите овие нови случаеви потенцирам нови случаеви на непотизам кои што во моментот гледаме дека се шират насекаде во држава, а сега веќе во општините да ги испитаат и нормално да донесат одлуки соодветни за сите сомнежи кои што произлегуваат од овие вработувања.
Важно е да се спречи непотизмот бидејќи како што знаете имаше еден бран каде што беа поднесени повеќе од 400тини претставки пред околу 10тина месеци и од тие 400тини претставки за блиски луѓе на функционерите на СДСМ не видовме освен неколку заради маркетинг да сносат соодветна одговорност.
Затоа апелирам дека одговорност мора да има и одговорност ќе има. Доколку сега не се понесе било каква одговорност за сите овие сомнежи, одговорноста ќе стигне веднаш по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ, по 12 и ќе следи Обнова на Македонија.“