Поради загадениот воздух тенисерите и тенисерките кои почнаа со настапите во квалифиакциите за Австарлија опен во Мелбурн беа принудени да ги прекинат мечевите на еден час принудна пауза, а на тенисерката од Словенија, Далила Јакуповиќ и се слоши и го предаде мечот во вториот сет иако беше пред победа на дуелот против Стефани Вогел од Швајцарија.
Како последица од пожарите ширум Австралија воздухот во Сиднеј е загаден и им прави многу проблеми на натпреварувачите.
https://youtu.be/o-1OTYHBoGY
-Не можев да дишам. Не можев да се исправам. Се чувствував многу лошо. Лута сум и тажна. Ја имав победата во свои раце, но не можев да го завршам мечот. Немам никакви проблеми со дишењето, немам асма, но овде беше навистина многу тешко да се игра. Никогаш не сум доживеала вакво нешто. Се плашев да не колабирам, седев на подот бидејќи не можев да станам, рече Јакуповиќ по натпреварот,