На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Комерцијална банка АД Скопје, кои забележаа огромен раст од високи 5,84 проценти, пред акциите на Алкалоид АД Скопје кои забележаа исто така висок раст од 4,62%.
Пораст имаше и кај акциите на Македонијатурист АД Скопје од 2,71%, како и кај акциите на Гранит АД Скопје кои пораснаа за 2,00%.
Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.5017 денари.
Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 55.4519 денари, британската фунта изнесува 72.5170 денари, додека пак швајцарскиот франк е 56.8303 денари.