– Поранешниот репрезентативец на Милан, Филипо Инзаги, ја коментираше незавидната позиција на тимот. Екипата од „Сан Сиро” е на 10-тото место во Серија „А” со само 7 победи од 19 кола. Неколку сезони, тимот продолжи да се бара себеси, а пред неколку дена беше принуден да го привлече 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ.
– Ситуацијата е лоша и за жал, ова не е ништо ново. Но, јас го познавам и верувам во Паоло Малдини (директорот на клубот). Сигурен сум дека тој и Звонимир Бобан (исто така директор) ќе го извлечат клубот од оваа позиција. Мора да се започне од почеток, со земање на 2-3 вистински играчи секоја сезона. И пред сè, потребно е трпеливост. Милан треба да биде управуван долго време од страна на едно раководство, рече Пипо пред „Кориере дела Сера”.
Инзаги е оптимист дека Ибра има сила да ги поведе „росонерите” напред.
– На клубот му требаше Златан. Играв со него и многу го почитувам. Не му требаат пари или слава. Кога ќе се врати, тој верува дека може да направи разлика. Ова беше видливо во неговото деби, додаде легендата на „росонерите”.
Се чини дека од следната сезона поранешниот италијански репрезентативец повторно ќе биде дел од елитата, откако тимот на Беневенто, предводен од него, е убедлив лидер во Серија „Б” со 12 поени предност пред вториот во пласманот Порденоне.