Истакнатиот тврдокорен ирански имам, ајатолах Ахмад Аламолхода, изјави дека најдоброто нешто што може да му се случи на британскиот амбасадор во Техеран е да биде протеран од земјата, инаку лојалните поддржувачи на убиениот генерал Касем Сулејмани би можеле да го исечкаат на парчиња, пренесува сајтот „Еслахат“.
Британскиот амбасадор во Иран, Роб Мекер, беше кратко задржан во притвор, а Лондон тоа го нарече кршење на дипломатските конвенции, пренесува „Ројтерс“.
Мекер беше приведен пред универзитетот „Амир Кабир“ и држен неколку часа во притвор поради наводно поттикнување антивладини протести.
Амбасадорот рече дека присуствувал на бдение за жртвите од авионската несреќа во Техеран.