Села се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих

Денес во канцелариите на Алијанса за Албанците во Скопје, лидерот на партијата Зиадин Села се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих.

На оваа средба, која беше оценета како многу конструктивна, се разговараше за актуелната политичка состојба во земјата и не само.

Тема на дискусија беа изборите на 12 април и улогата на политичките партии во спроведувањето на изборите. Лидерот на АА, Зиадин Села во овој поглед ја истакна важната улога што ја имаат политичките партии, како и одговорноста што истите мора да ја преземат за изборната демократија, така што граѓаните несомнено можат да ја изразат својата волја без да се чувствуваат уценети во никој случај.

На средбата, претседателот Села ја истакна потребата за реформи во судството, образование, инфраструктура, еднаквоста во администрацијата, слободата на медиумите и целосното достигнување на владеењето на правото. И во овој поглед, тој одблизу ги покажа сите напори на Алијансата за Албанците и нејзината улога за постигнување стабилност во земјата.

Според него, земјата мора да работи напорно за да ја постигне оваа цел, како и да ја подигне земјата на ниво што би ги исполнило условите за членство во ЕУ.

Како многу чувствително прашање за земјата се спомна и миграцијата на младите, што според лидерот Села треба да се преземат мерки со кои би се привлекле младите професионално да се развиваат во својата земја, давајќи свој придонес во корист на сите.

Претседателот Села, исто така, му се заблагодари на амбасадорот за помошта што Германија постојано ја дава за земјата во многу области и поддршката за Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ.

 

Алијанса за Албанците,
14.01.2020

 

Треба да знаете
Последни објави