Барселона се најде на врвот на рангирањето на европските фудбалски клубови со најголеми приходи, според веб-страницата на меѓународната консултантска компанија „Делоит”.
За време на сезоната 2018/19 година, актуелниот шампион на Шпанија, Барселона заработи 840,8 милиони евра, што представува рекорд за европските клубови. Пред ова рангирање, ниту еден клуб во Европа не ја надмина границата од 800 милиони.
Годишниот приход на Реал Мадрид беше 757,3 милиони. На третото место е Манчестер јунајтед со 711,5 милиони.
Топ 10 клубови со најголеми приходи според „Делоит”:
1. Барселона (Шпанија) – 840,8 милиони евра
2. Реал Мадрид (Шпанија) – 757.3
3. Манчестер јунајтед (Англија) – 711,5
4. Баерн Минхен (Германија) – 660.1
5. Пари Сен-Жермен (Франција) – 635.9
6. Манчестер сити (Англија) – 610,6
7. Ливерпул (Англија) – 604,7
8. Тотенхем (Англија) – 521.1
9. Челзи (Англија) – 513.1
10. Јувентус (Италија) – 459,7.