– Барселона се најде на првото место на листата на Делоит на најбогатите фудбалски тимови во светот, преминувајќи ја сегашната бариера од 800 милиони евра, создавајќи рекордни приходи од 841 милиони евра минатата година. Добивката на тимот е скоро 10% поголема од нивниот ривал Реал Мадрид (757,3 милиони евра), кои остануваат на второ место во пласманот. Ова е исто така најголемата разлика во приходите помеѓу првиот и вториот тим откако се објавува извештајот на Делоит.
Манчестер јунајтед (711,5 милиони евра) – трет, останува највисоко пласиран англиски клуб на годишното рангирање на Делоит. Баерн (Минхен) (660,1 милиони евра) ја завзема четвртата позиција, а Пари Сен Жермен (635,9 милиони евра) влегува во првите пет за сметка на Манчестер Сити (610,6 милиони евра), кој паѓа на шесто место. Тотенхем е осми, што е највисоката позиција што клубот ја заземал досега. Тој се најде пред Арсенал и Челзи и стана екипа со најголеми приходи во Лондон за прв пат од 1996/97 година.
Јувентус, во меѓувреме, се врати во првите 10 на листата на Делоит благодарение на потписот со Кристијано Роналдо. Суперѕвездата на Португалија, кој може да се пофали со повеќе следбеници на Инстаграм од Барселона и Реал Мадрид, му помага на Јуве да постигне комерцијален раст преку поголема видливост на марката.
Севкупно, екипите на првите 20 позиции по приходи остануваат релативно стабилни, откако само два нови учесници се приклучија во однос на минатата година – Лион се најде на 17-тото место (се искачи од 28-та позиција) и Наполи го зазема 20-тото место (од 21-ви минатата година).
20-те клубови со највеќе приходи во светот достигнуваат рекордни 9,3 милијарди евра комбиниран приход во 2018/19 година, што претставува раст од 11% од претходната година.