Втор ден ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема чувство за она што е важно за државата и граѓаните.
Во опозициската партија „паднаа болни” од тоа што претседателот Зоран Заев по претходна покана и договорена посета се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.
Додека претседателот Заев се среќава со Вартоломеј, Ангела Меркел, Тереза Меј, Борис Џонсон, Емануел Макрон и други бројни државници, Христијан Мицкоски се среќава со Антонио Милошоски и други лица обвинети и осомничени во судски предмети.
Оттука, јасна е фрустрацијата во белиот дворец.
Јасна е и разликата меѓу одговорниот, државнички однос на Зоран Заев и СДСМ и деструктивното однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
За патувањето со комерцијален лет, за сместувањето не беше потрошен ниту еден денар од граѓаните, нешто што беше незамисливо за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога функционери на ВМРО-ДПМНЕ со службени картички трошеа за шопинг, за купување скапа гардероба, накит, посета на ексклузивни туристички места и слично.
ВМРО-ДПМНЕ ниту сака ниту може да излезе од деструктивната матрица. Тоа граѓаните го гледаат и затоа на 12 април уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.