Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) во соработка со Сообраќајната полиција санкционирале 216 непрописно паркирани возила на територијата на скопската општина во перодот од 8 до 13 јануари.
Со помош на специјалните возила „пајак“ биле отстранети 127 непрописно паркирани возила, а со поставување на „блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници за секторот во кој биле паркирани.
За зголемување на сообраќајната култура, ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.