Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека целта на владата е да ги заштити младите девојки од штетното влијание на имиграцијата така што ќе забрани носење шамии на девојчиња помлади од 14 години.
Во интервју за „Фајненшал тајмс“, тој рече дека контролирањето на илегалната имиграција е исто толку важно како и борбата против климатските промени и додаде дека и двете прашања ќе бидат на врвот на агендата на неговата влада, пренесува бриселски „Политико“.
„Важно е да се заштити нашата животна средина, но исто така е важно да се одлучи кој ќе живее во земјата“, рече Курц.
Тој најави драстични мерки за националната безбедност, како превентивни апсења на имигранти осомничени за верски екстремизам.