Франција, Велика Британија и Германија планираат да активираат механизам за решавање на споровите во рамки на иранскиот нуклеарен договор, откако Техеран повторно го прекрши, соопштија неименувани европски дипломати.
Тие истакнаа дека целта на одлуката е да се зачува договорот и со Иран да се разговара што треба да направи земјата за да ги измени своите одлуки.
Како што нагласија, целта не е повторно воведување санкции од ЕУ.
Трите земји денеска ќе ја информираат ЕУ дека планираат да го активираат механизмот. Се очекува шефот на европската дипломатија Жозеп Борел попладнево да се обрати во Европскиот парламент во Стразбур.