Преговорите иницирани од Германија за решавање на конфликтот во Либија ќе бидат бесмислени доколку командантот на Либиската национална армија Калифа Хафтар не го измени својот став, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Неговата изјава е дадена по неуспешно завршените мировни преговори во Москва откако Хафтар заминал од рускиот главен град без да го потпише договорот за примирје со Владата во Триполи на Фаез Сараџ, незадоволен од предложената варијанта на документот кој игнорирал голем број од барањата на ЛНА.
– Одбивањето на Хафтар да го потпише договорот за примирје во Либија покажува кој сака мир, а кој војна. Берлинските преговори ќе бидат бесмислени доколку Хафтар продолжи со таквата своја позиција, нагласи Чавушоглу.