Левица бара раскинување на договорот за експлоатација на пивка вода во Гари

Левица безрезервно ги поддржува жителите на селото Гари и најостро ја осудува одлуката на Министерството за економија за доделување концесија за експлоатација на пивка вода во селото Гари, соопштија од партијата.

„Во време кога светот се соочува со недостиг на пивка вода, Владата на СДСМ ги продолжува практиките на ДПМНЕ и продолжува да ги распродава изворите на чиста вода и останатите природни богатства. Сето тоа на штета на жителите и иднината на земјата, но во корист на крупните профитери кои заедно со политичките платеници ја разграбуваат Македонија“, велат од Левица.

Партијата бара итно раскинување на договорот за концесија и враќање на изворите во владение на месното население.

„Дополнително, ги повикуваме надлежните институции да го раскинат и договорот за екплоатација на вода од страна на ‘Мали Лошињ’, компанија која доби концесија за експлоатација на изворите за вода во близина на селото Гари. Левица се залага за национализација на водните ресурси како круцијални и стратешки ресурси и ставање крај на досегашните практики за издавање на концесии за експлоатација на вода и други природни богатства“, се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави