Малме го чека комплетниот список со репрезентациите кои ќе разигруваат во втората фаза

На 14. Европското ракометно првенство кое за првпат го организираат три земји Австрија, Шведска и норвешка, а и првпат се игра завршница со 24 репрезентации поради што само по две најдобропалсирани селекции од шесте групи одат понатаму, досега одеа по три, комплетиран е списокот со учесниците во втората фаза од група 1.

Македонија нема да биде меѓу најдобрите 12. селекции кои продолжуваат да разигруваат за завршните мечеви на континенталниот собир, поделени во две групи од по шест тима.

Во групата 1 која ќе се игра во Виена пласман обезбедија:  Хрватска, Шпанија и Австрија кои од првата фаза пренесуваат по два бода, како и Белорусија, Чешка и Германија, кои во продолжението од шампионатот старуваат без бодови. Првопалсираните две од овие шест селекции ќе обезбедат настап во полуфиналето во Стокхолм, а останатите четири ќе се борат за место во олимписките квалификации.

Во групата 2 од втората фаза која ќе се игра во Малме пласман имаат обезбедено: Норвешка и Словенија со по два бода, Португалија и Шведска без бодови, а последните два учесника ќе бидат познати по одигрувањето на вечерашното последно 3. коло во групата Е, од каде Исланд, Унгарија и Данска се кадидатие за двете места.

Завршницата на ЕП-2020 ќе се одржи во главниот град на Шведска, Стокхолм. Во „Теле 2 Арена“ која има капацитет од 35.000 седишта ќе се одиграат полуфиналните натпревари, мечот за трето место и дуелот кој ќе го даде новиот европски шампион.

 

Треба да знаете
Последни објави