Струмичкиот фудбалски прволигаш Акадермија Пандев во зимскиов преоден рок на својот список со засилувања го запиша и Бојан Најденов. Искусниот 28-годишен Најденов, кој во својата акриера има и нитернационално исксутво треба да ја зголеми конкуренција во средниот ред на Академија Пандев.
Најденов кој своевремено со успех настапување за Хоризонт Турново во Струмица, овојпат во дресот на актуелниот куп-победник се враќа како слободен играч. Претходно има настапувано на домашната сдцена и за Работнички, а „печалбар“ бил во редовите на Естегал, Смуха и Љачи.
Претходно Академија Пандев ги ангажираше напаѓачот Ндуе Мујеци и стоперот Ангел Гранчов.
По есенскиот дел од шампионатот во којс е одиграни два од четирите натпреавувачки кругови Академија Пандев е на третата позиција, а во Купот во игра е да го брани трофејот бидејќи се пласира во четвртфиналето и ќе игра против Шкупи.