По разочарувачкиот настап на македонската ракометна репрезентација на 14. Европско првенство, каде не ја мина првата фаза во групата Б, со скор од едена победа над Украина и два порази од Чешка и Австрија, според пресметките на ЕХФ во конкуренција на 24 репрезентации кои стартуваа на завршницата од континеталниот собир, „црвено-жолите“ ќе бидат запишани како 15. пласирани.
ЕХФ го одреди пласманот на селекциите кои завршија со настапите во првата фаза според учинокот. Македонија по сумирањето на резултатите на третопалсираните селекции во шестте групи ќе биде запишана како 15. пласирана репрезентација, што е најслаб пласман во досегашните шест учества на евро-шампионатите за „црвено-жолтите“.
Од првото до 12. место ќе се најдат селекциите кои продолжуваат да разигруваат во втората фаза, поделени во две групи од по шест селекции, а веднаш заднив на 13. место е резервирано за Данска или Унгарија кои треба вечерва да ја комплетираат групата Е со 3. коло и да биде познато која селекција оди понатаму, а која им се придружува на елиминираните. Следува Франција која има подобра гол-разлика од Македонија, па Швајцарија, Холандија и Црна Гора до 18. место, како и Србија, Украина, Летонија, Босна и Херцеговина, Русија и Полска, кои се распоредени од 19. до 24. место на првото ЕП каде завршницата беше со 24 селекции.
Пласман на Македонија на ЕП:
ЕП 1998 Италија – 12. место
ЕП 2012 Србија – 5. место
ЕП 2014 Данска – 10. место
ЕП 2016 Полска – 11. место
ЕП 2018 Хрватска – 11. место
ЕП 2020 Австрија/Норвешка/Шведска – 15. место