Поранешниот македонски репрезентативец, Горан Ѓоргоноски, за „Слободен печат“ направи анализа на настапот против Австрија, но и за севкупната игра на репрезентацијата на ова ЕП.
-Симптоматично е што цело првенство ние бевме репрезентација која даде најмалку голови од контри и полуконтри, а од друга страна сме ограничени во нападот. Ние математички не можеме да победиме никого , само со некоја луда среќа од 15-16 одбрани како што беше на дуелот со Украина. Значи во тој случај може да се победи, бидејќи за му да се дадат 25 гола на противникот потребни се најмалку двојно повеќе напади, вели Ѓоргоноски.
Според него, премногу се очекува од некои играчи кои ниту се стасани, а ниту знаеме дали ќе стасаат.
-Никако не смееме да кажеме дека ракометари родени 1996 година дека се млади. Исто така тие ниту играат во Струга или во Радовиш. Да бидеме реални, ние никогаш не сме имале пет ракометари во Бундес лигата, но не видовме некое големо фајде од тоа. Уште еден проблем за тие играчи е што не се носители во своите екипи. Има голема разлика од играч со игра во клуб и играч кој го носи клубот. Не може со 15-20 минути игра да се каже дека се носители на клубот, вели Ѓоргоноски.
Поранешниот репрезентативец исто така смета дека мораше да се направат максимални напори за да овозможеше големиот борец Филип Миркуловски да игра на ова ЕП, барем по 15-тина минути на натпревар.
-Причината за ова мое размислување е бидејќи кога игравме со играч повеќе не знаевме да реализираме. Причината за тоа е што немаме ракометари како Миркуловски и Наумче Мојсовски кои во минатото максимално го корисеа присуството на Лазаров, а тоа овие деца не знаат да го направат. Факт е дека присуството на Лазаров кој може да игра и на 45 години, секогаш кога ќе се биде на теренот ќе привлекува внимание кај противниците. Стоилов тоа го користеше максимално на првиот натпревар, вели Ѓоргоноски.
Исцрпната анализа мож да ја прочитате тука.