Околу 300.000 Сиријци се раселиле по руската офанзива на Идлиб

Околу 350.000 Сиријци, претежно жени и деца, се раселени за време на обновената руска офанзива на провинцијата Идлиб, која е под контрола на опозицијата, од почетокот на декември, соопштија Обединетите нации.

Тие побараа прибежиште во пограничните области во близина на Турција, наведува ОН.

Во својот последен извештај, Канцеларијата за координација на хуманитарните работи (ОХА) соопшти дека хуманитарната состојба продолжува да се влошува како резултат на ескалацијата на непријателствата.

Треба да знаете
Последни објави