Дончиќ со уникатно достигнување во НБА

Кошаркарот на Далас Маваерикс, Лука Дончиќ ноќеска имаше уште еден одличен настап во најсилната НБА-лига. Тој во триумфот на неговиот тим против Сакраменто (127:123) оствари трипл-дабл со 25 поени, 15 скокови и 17 асистенции.

Словенецот стана најмладиот играч во историјата на НБА лигата со остварување 20-15-15.

Исто така, 17 асистенции се најдобриот резултат во кариерата за Дончиќ.

Минатата година Дончиќ беше прогласен за најдобар дебитант на лигата.

Треба да знаете
Последни објави