Српски контролор на вагони, по полноќ на 17 јануари во полициската станица на граничниот премин Табановце пријавил оштетувања кои ги забележал во товарен воз што сообраќал на релација Грција – Унгарија, по што службениците извршиле увид во возот.
Како што информираат од МВР, контолорот забележал оштетувања на пломби на три вагони, а по пријавата царинските службеници во возот пронашале двајца мигранти од Авганистан на возраст од 20 и 18 години.
Мигрантите се предедени на полициски службеници од транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот.