Мурињо не победи со Тотенхем четири натпревари во низа во Премиер лигата, Покетино доби отказ по пет меча без триумф

Во првиот денешен натпревар од 23. коло во Премиер лигата Тотенхем одигра нерешено 0:0 на гости со Вотфорд. За Тотенхем ова беше четврти натпревар во низа без полн плен под водство на Жозе Мурињо. Претходниот тренер на лондонскиот клуб, Маурицио Покетино, доби отказ по петтиот последователен натпревбар без победа во Премиер лигата.

Уште еден фект што не оди во прилог на Мурињо е лошата ефикасност. Неговите избраници с ебез постигнат гол на последните три натпревари во Англиското фудбалско првенство.

– Заслуживме да победиме. Бевме неколку милиметри од победата. Имавме одличен почеток. Но, невозможно е да се доминира цел меч. Судиите има неколку лоши одлуки, изјави Мурињо по нерешените 0:0 со Вотфорд.

Треба да знаете
Последни објави