Игор Карачиќ беше еден од хероите во победата на Хрватска над Германија со која „коцкестите“ си обезбедија полуфинале на ЕП 2020. Поранешниот ракометар на Вардар на крајот беше прогласен и за играч на натпреварот.
Со седум гола ја предводеше Хрватска до неверојатниот пресврт, и покрај тоа што во еден момент во вториот дел „коцкестите“ губеа и со пет гола. Но, заслужено на крајот триумфираа…
-Навистина тежок натпревар. Премногу сум горд на овие момци, на целиот тим, на стручниот штаб. Не беше воопшто лесно, но имавме огромна желба во вториот дел за пресврт. На полувремето се договоривме дека мора да ги издржиме сите 30 минути. Покажавме карактер. Овој меч и начинот на кој победивме ме потсети на Вардар и Лигата на шампионите. Морате во нешто силно да верувате за тоа да дојде. Верувавме во полуфинале и тоа ни се оствари, истакна Карачиќ веднаш по големата победа над Германците.